сабота, јули 27, 2024
домаЖивотЗдравјеПрактични совети како да ја победите алергијата

Практични совети како да ја победите алергијата

Дали знаевте дека 150 милиони Европејци имаат сериозни проблеми со алергии и дека дури 30% од светската популација страда од проблемот со пролетни алергии?! Ова, всушност, ни кажува дека алергијата стана пандемија.
Експертите предупредуваат дека многу луѓе сметаат дека симптомите кои ги предизвикува поленот (кашлица, кивање, главоболка) се всушност непрележана зимска настинка, но вистината е дека тоа се јасни симптоми за алергија!
Имајте на ум: Кога алергијата не се држи под контрола, може да предизвика сериозни последици по здравјето! Затоа, секогаш е добро да се консултирате со вашиот лекар на време за да проверите дали станува збор за алергија или за обична настинка.
Сигурно знаете најмалку едно лице во вашата средина кое избегнува секоја пролет да излезе од затворен простор, бидејќи излегување од станот доведува до иритација, потечени очни капаци, црвенило на очите, кивање, главоболка, кашлица, чешање, па дури и гушење! Она што е заедничко за овие луѓе кои страдаат од алергии е дека сè би дале и би се обиделе само да се излечат.
Совети кои ќе ви помогнат да ги намалите симптомите на алергија на полен:
– Ако сте во можност излегувајте само кога концентрацијата е ниска, рано наутро, кога не дува ветер или после дожд.
– Секојдневно бришете прашина и смукајте, а просторот проветрувајте го кога нема ветер (бидејќи ветерот помага поленот да се пренесе и до 10 километри од местото на цветање).
– Носете очила за сонце при секое излегување и редовно мијте се така што секој траг од полен ќе се отстрани од лицето. Очите мора да бидат заштитени!
– Памучните перници се мамка за алергени, па би било добра идеја да ги избегнувате.
– Не ја сушете облеката на отворено, бидејќи поленот лесно се задржува на влажна ткаенина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ