Пред нас е СТУДЕНА ЗИМА СО МНОГУ СНЕГ?!

Има и предвидувања колку денови ќе врне снег во Скопје! Метеоролозите веќе прават долгорочни прогнози

0
67

Метеоролошкиот сајт „Severe Weather Europe“ (SWE) неодамна објави дека нешто чудно се случува со поларниот вртлог, а промените кои се случуваат на него ќе влијаат на претстојната зима во Европа. Според нив, зимата на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, би требало да биде блага. Сепак, нашите метеоролози имаат различни предвидувања за зимскиот период, па така, еден српски професор смета дека оваа зима ќе има многу снег и дека ќе биде постудена од последните 10 години!

Стратосферското затоплување над Јужниот Пол го наруши поларниот вртлог, што ќе доведе до создавање силни аномалии на површината. Влијанието на тоа затоплување може да се одрази и на зимата 2024/2025 на северната хемисфера, пишува SWE.

SWE истакнува дека се работи за силен настан на стратосферско затоплување кој веќе почнува да влијае на времето и може да има улога за време на зимата 2024/2025 на северната хемисфера.

Според долгорочните модели, се очекува дека студениот воздух ќе се помести кон Јужна Америка и Атлантикот, додека за Европа е индицирана аномалија на висок притисок.

Кога станува збор за Македонија, постојат спротивставени мислења. Според најавите на метеорологот Иван Ристиќ, долгорочните модели покажуваат дека засега нема индикации дека поларниот вртлог ќе стигне до Европа и дека нè очекува блага зима. Од друга страна, д-р Александар Ваљаревиќ има поинакви предвидувања и смета дека ќе имаме зима со многу снег и ниски температури.

Како што наведува Ристиќ, долгорочните модели до крајот на годината покажуваат дека феноменот Ла Ниња и исландскиот циклон ќе останат најдоминирачки структури. Тој истакнува дека во моментов не постојат индикации за спуштање на поларниот вртлог кон Европа, бидејќи тоа би се покажало со намалување на средните температури во Скандинавија и европскиот дел на Русија.

За разлика од Ристиќ, Александар Ваљаревиќ, доктор на геонауки, неодамна изјави за српската „Прва“ ТВ дека, според неговите модели, оваа зима ќе биде постудена во споредба со последните девет години.

„Според мојот модел, оваа зима ќе биде малку постудена. На Балканот ќе има 15 денови со снег, а тоа е повеќе снег отколку во последните девет години,“ изјави Ваљаревиќ.

Метеоролозите продолжуваат да следат и прогнозираат, со надеж дека љубителите на зимата и снегот ќе добијат зима која ќе ги исполни нивните очекувања.

A.Н.