сабота, јули 27, 2024
домаПОЛИТИКАМакедонијаПредизвици и перспективи: Слободата на медиумите и новинарите во современиот свет

Предизвици и перспективи: Слободата на медиумите и новинарите во современиот свет

Слободата на медиумите е камен-темелник на демократското општество. Таа не само што го обезбедува пристапот до информации за граѓаните, туку и ги остварува нивните права на изразување и учество во јавниот дијалог. Во идеален свет, медиумите функционираат како независни стражари на демократијата, обележувајќи злоупотреби на власта, разоткривајќи корупција, и едуцирајќи ја јавноста со разнообразни перспективи за интегрални и информирани одлуки. Но, колку сме ние идеални во тој свет?!
Сегашната ситуација со медиумите и новинарите не е без предизвици. Сè поголем број на новинарски извештаи, особено на интернет, се сметаат за предмет на политички притисоци и влијание. Партиската и корпоративна контрола ја ограничуваат слободата на новинарите да известуваат објективно и без страв од репресии.

Македонија две места погоре во однос на слободата на медиумите, од 38мо на 36то место

Според овогодинешниот Извештај за слободата на медиумите, а кој секоја година го објавува Репортери без граници, Македонија од 38 место сега е две места погоре, на 36то но и покрај тоа во воведниот дел се вели: „Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите.“ Во продолжение на извештајот за нашата земја се истакнува дека иако телевизијата е доминантен извор на информации, онлајн медиумите играат важна улога. Но, Репортери без граници сметаат дека мора да се направи разлика помеѓу професионални онлајн редакции кои вработуваат новинари и објавуваат оригинална содржина, и поединечни портали кои плагијат и копираат и залепуваат содржини. Исто така, постои голем јаз меѓу користењето и довербата: најгледаните ТВ станици имаат низок индекс на доверливост.
Во однос на политичкиот контекст Репортери без граници оценуваат дека целокупното опкружување останува поволно за слободата на печатот, иако владините агенции не се многу транспарентни и критичкото новинарство е сè повеќе подложно на напади. „Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат под притисок на властите, политичарите и бизнисмените и на национално и на локално ниво. Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност.„- се вели во анализата за слободата на медиумиите во Македонија.

Во однос на правната рамка, Репортери без граници заклучуваат дека додека уставот ја гарантира слободата на говорот и забранува цензура, земјата бавно го усогласува законодавството за медиумите со стандардите на Европската унија, на која има намера да и се придружи. Процедурите на SLAPP служат како инструменти за заплашување и притисок врз независните медиуми. Осудата за клевета, во 2023 година, на медиумот IRL за нејзината истрага од општ интерес постави опасен преседан. Новиот закон со кој повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во медиумите во приватна сопственост, ја зголеми загриженоста за можното поврзано ширење на влијание.
Додека медиумите се изложени на разни предизвици, новинарите се конфронтирани со сериозни пречки во исполнувањето на нивната улога како чувари на јавното информирање. Од притисоците од страна на власта до нападите на новинарите и честите случувања на цензура, правото на изразување на новинарите се загрозува.

За да се заштити слободата на медиумите и правата на новинарите, потребно е да се преземат активни мерки за обезбедување на нивната независност и безбедност. Ова вклучува поддршка за законска заштита на слободата на медиумите, инвестиции во обука и заштита на новинарите, како и јавна осуда на нападите и притисоците врз нив. Само со овие мерки можеме да гарантираме дека медиумите ќе останат често и независно гласило на демократијата, што е неопходно за напредокот на нашето општество.
Она што е интересно е што во однос на економскиот контекст, од Репортери без граници напишале: „Иако одредени видови медиумска концентрација се забранети со закон, редакцијата на некои од главните ТВ канали е изложена на економски притисоци од нивните сопственици. Државното финансирање е ограничено и нетранспарентно, а независните медиуми во голема мера се потпираат на донаторите. Странските грантови засновани на проекти придонесуваат само за опстанок, но не и за понатамошен развој. Новинарството е многу несигурна професија. Некои медиуми се подложени на влијанија од страна на маркетинг агенциите.„
Иако не постојат јасни ограничувања во социјалната и културната средина кои влијаат на слободното новинарство, социјалните медиуми и дигиталната сфера генерално го фаворизираат ширењето на дезинформации и сајбер-закани, сметаат од Репортери без граници. Во комбинација со ниските професионални стандарди, тие придонесуваат за опаѓање на довербата на јавноста во медиумите и го отвораат патот за напади врз новинари врз основа на пол, етничка или религија.
Веројатно и оттаму безбедноста на новинарите е на 39 место во однос на другите земји и аналитичарите заклучиле дека новинарите кај нас често се мета на вербални напади. Под изговор за заштита на државните тајни и личните податоци, тие можат да бидат изложени на судски притисок и произволни правни постапки. Сепак, судовите имаат тенденција да ја поддржуваат слободата на печатот и да ги штитат новинарите. На крајот од извештајот ан Реортери без граници се заклучува дека во Скопје е назначен специјален обвинител кој ќе ги води случаите на напади врз новинари, а се разгледува и отворањето на слични канцеларии низ целата земја.

Европа медиумски најслободна

Земјите каде слободата на печатот е „добра“ се сите во Европа, а поконкретно во рамките на Европската унија, која го усвои својот прв закон за слободата на медиумите (EMFA). Ирска испадна од првите три земји на индексот, заменета со Шведска, додека Германија сега е една од првите десет земји. Слободата на печатот сепак е ставена на тест во Унгарија, Малта и Грција, трите најниско рангирани земји во ЕУ. Понатаму на исток во Европа, условите за практикување новинарство се влошуваат поради размерите на дезинформации и цензура на медиумите лажно обвинети за поткопување на националната безбедност или тероризам. Таков е случајот во Русија (162 место), Белорусија (167место) и Туркменистан (175место), додека во Грузија (пад од 26. на 103. место), владејачката партија негува зближување со Москва. Како резултат на подобрувањата во нејзиниот безбедносен показател – помалку убиени новинари – и нејзиниот политички показател, Украина (61-ва) се искачи за 18 места.
Политичките интереси го задушуваат новинарството во неколку земји кои се кандидати за членство во ЕУ – Босна и Херцеговина (81-ва), Србија (98-ма) и Албанија (99-та). Турција (158.) продолжува да затвора новинари и да ги поткопува медиумите со помош на онлајн цензура и нејзината контрола врз судството.

Политичкото опкружување за новинарство е подобрено во Полска (од 10 до 47 место) и во Бугарија (од 12 до 59 место) благодарение на новите влади со поголема грижа за правото на информации. Германија се приклучи на редот на првите десет земји на Индексот, подобрувајќи го својот политички показател со падот на нападите врз новинарите од екстремно десничарските групи. Во Франција (21.) и Обединетото Кралство (23.), слободата на печатот не е загрозена од големи политички прекршувања. Но, сè уште е потребна будност, како што се гледа со апсењето на француската новинарка Аријане Лаврил како одговор на жалбата на Министерството за вооружени сили.

Додека медиумите се изложени на разни предизвици, новинарите се конфронтирани со сериозни пречки во исполнувањето на нивната улога како чувари на јавното информирање. Од притисоците од страна на властите до нападите на новинарите и честите случувања на цензура, правото на изразување на новинарите се загрозува.

Затоа, за да се заштити слободата на медиумите и правата на новинарите, потребно е да се преземат активни мерки за обезбедување на нивната независност и безбедност. Ова вклучува поддршка за законска заштита на слободата на медиумите, инвестиции во обука и заштита на новинарите, како и јавна осуда на нападите и притисоците врз нив. Само со овие мерки можеме да гарантираме дека медиумите ќе останат често и независно гласило на демократијата, што е неопходно за напредокот на нашето општество.

Наташа Доковска

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ