Во сауна се влегува со влажна кожа (подобро се поднесува топлината). Изложувањето започнува прво 5 минути и секое наредно изложување се продолжува за 5 минути до вкупно 20-25 минути…
Сауната потекнува од скандинавските земји и се прошири низ целиот свет. Денес сауните се составен дел на секој подобар центар за убавина.
Основни карактеристики на сауните се температурата и влагата.
Сауната е просторија со висока собна температура, значително над телесната температура. Влажноста е од 10-15%. Висината на температурата зависи и од висината на клупата на која се седи.
Видови на сауни:
– класична финска
– инфра сауна
– био сауна
– парни сауни и др.
Подготовка за сауна
Пред влегување во сауна потребно е да се извади шминката и да се исчешла косата како би се ослободила од гел и лак за коса. Потребно е претходно да се истуширате како би се отстранила потта, маснотиите и нечистотиите. Кожата и косата мора да бидат чисти за да се ослободат од токсини.
Во сауна се влегува со влажна кожа (подобро се поднесува топлината). Изложувањето започнува прво 5 минути и секое наредно изложување се продолжува за 5 минути до вкупно 20-25 минути.
По излегување од сауна потребно е повторно туширање со млака вода. Добро е, кога ќе се навикнеме, по туширање повторно да влеземе во сауна и така неколку пати. Така се стимулира циркулацијата и се зајакнува организмот.
По тоа следи наизменично туширање со топла и поладна вода, од стопалата нагоре. Следува опуштање на телото а потоа сушење и на крај одмор од 10-30 минути, завиткани со крпа. Во текот на одморот се пијат течности, најдобро вода збогатена со минерали, чај или сокови.
Што се случува во сауната?
Во сауна капиларите се шират, порите се отвараат и телото обилно се поти. Потта брзо испарува бидејќи влажноста во сауната е ниска. Со тоа се отстрануваат токсините од телото. Телесната температура се покачува за околу 1-2 степени. Како последица на зголемената температура се забрзува метаболизмот, фрекфенцијата на срцето, се шират дишните патишта, подобро се диши и се добива повеќе кислород.
Наглите промени на температурата ги шират и стегаат крвните садови со што се подобрува еластичноста и цикрулацијата. Делува релаксирачки. Обилното потење е добро за секоја кожа, затоа што ја чисти, посебно ова е важно за мрсна кожа. Поволно делува на тонусот на кожата.
Контраиндикации за одење во сауна
Не се препорачува користење на сауна од лица кои имаат проблем со срце, болни со бубрежни болести, зголемен крвен притисок, изразито низок крвен притисок, проширени вени и проблеми со циркулацијата,- акутни инфекции, намален имунитет, трудници, по породување, со менструален циклус, деца и постари лица…