Премиера на монодрамата „Последната лента на Крап“ во МНТ

0
216
Монодрама „Последната лента на Крап“

На 30 декември на малата сцена во МНТ со почеток во 12 часот премиерно ќе биде одиграна монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, а во изведба и режија на првенецот на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски.

Претставата е ко-продукциски проект помеѓу Македонскиот народен театар и „Перипетија продукција“ од Скопје. Продуцент е Ѓорѓи Јолевски, а извршен продуцент е Никола Кимовски.

Ѓорѓи Јолевски во монодрамата „Последната лента на Крап“ во МНТ

Преводот на текстот од англиски на македонски јазик го направи драматургот Владимир Јанчевски. Сценографското решение, дизајнот на плакатот и програмскиот каталог се на Сергеј Светозарев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска – Угуровска.

На светло дизајнот работеше Дарко Младеновски во соработка со светло – операторот Игор Митревски, а на дизајнот за тон – Ненад Трпеноски.

Билетите се достапни онлајн тука. https://mnt.mk/online/index.php?id=438 или на билетарницата на МНТ која работи во понеделник и вторник од 12:00 до 18:00 и во среда од 9:00 до 14:00 часот. А.Н.