четврток, април 25, 2024
домаНасловнаПремиерот Заев од денеска е во Давос, ќе се сретне и со...

Премиерот Заев од денеска е во Давос, ќе се сретне и со Ципрас  

Премиерот Зоран Заев, денеска во Давос ќе се сретне со Премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас. Преговорите за името и зајакнување на односите меѓу двете земи преку градење на доверба се главните теми на средбата која се одвива на маргините на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, каде претседателот на македонската влада е присутен до петок, заедно со шефови на држави и влади, други државни претставници, како и лидерите на најголемите компании во светот.

Заев в петок, на 26 јануари ќе оствари средба со еврокомесарот за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан. Истиот ден во агендата на премиерот Заев е и средбата со директорката за Европа на Светскиот економски форум, Мартина Ларкин.

Во текот на овој работен престој на Светскиот економски форум во Давос, премиерот Заев ќе ги проследи специјалните обраќања на Емануел Макрон, претседател на Франција, Жан Клод Јункер, претседател на Европска Комисија, Тереза Меј, премиерка на Велика Британија, Бенџамин Нетанјаху, премиер на Израел, и Ангела Меркел, канцеларка на Сојузна Република Германија.

Премиерот Заев ќе учествува во панел дискусии и работни средби со економски лидери од светот и со други високи гости од регионот, ЕУ и САД на следниве теми: Новите лидери на Европските средби (New Leaders for Europe meeting), Креирање на споделена иднина во поделениот свет (Creating a Shared Future in a Fractured World), Прозорец на можности за Европа (A Window of Opportunity for Europe), и Забрзување на долгорочниот развој на Западен Балкан (Accelerating the Long-term Development of the Western Balkans).

Како што соопштија од Владата, за време на престојот во Давос, премиерот Заев ќе оствари и повеќе други работни состаноци и билатерални средби со потенцијални инвеститори, бизнис лидери и соработници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ