сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотЗдравјеПремногу брзото јадење може да предизвика непријатни, дури и опасни последици

Премногу брзото јадење може да предизвика непријатни, дури и опасни последици

Иако храната е една од најголемите задоволства многу луѓе брзаат да се најадат што е можно поскоро со што ќе заштедат малку време, но може да го загрозат своето здравје.

Честопати, брзото јадење е само уште еден дел од брзиот начин на живот. Ако постојано работите, играте, шетате, зборувате и возите набрзина, лесно е да стекнете навика да јадете така. Сепак, пребрзото јадење носи цела низа здравствени ризици, пишува „Clean Eating“.

Во едно истражување, учесниците кои брзо завршувале со ручекот, се чувствувале погладни во споредба со оние кои јаделе со порелаксирано темпо, пренесува Н1.

Брзото јадење може да ги наруши цревните хормони кои помагаат во регулирањето на апетитот и ви кажуваат кога сте сити.

Отпорност на инсулин
Брзото јадење само по себе не предизвикува дијабетес тип 2. Во една голема студија, средовечни мажи и жени без дијабетес кои изјавиле дека јаделе брзо биле изложени на зголемен ризик од инсулинска резистенција. Оваа состојба, во која телото не го користи ефикасно инсулинот, на крајот може да доведе до дијабетес. Се разбира, брзото јадење е поврзано со дебелината – а дебелината е главна причина за инсулинска резистенција.

Метаболичен синдром
Инсулинската резистенција е тесно поврзана со метаболичкиот синдром – збир на фактори кои го зголемуваат ризикот од развој не само на дијабетес, туку и срцеви заболувања и мозочен удар.

Една студија опфати речиси 9.000 луѓе на возраст од 40 години и постари кои немаа метаболички синдром на почетокот. Во текот на следните три години, оние кои брзо јадат имале поголема веројатност да развијат метаболички синдром отколку оние кои бавно јадат.

Оние кои брзо јадат биле особено склони кон поголем обем на половината и ниски нивоа на HDL („добар“) холестерол. Ова се двата фактори на ризик кои го сочинуваат метаболичкиот синдром и често се предвесници на срцеви заболувања.

Гастритис
Брзото јадење е исто така поврзано со ерозивен гастритис – воспаление што ја нагризува слузницата на желудникот, предизвикувајќи плитки пукнатини или понекогаш длабоки чирови. Во една студија од Кореја, повеќе од 10.000 пациенти биле подложени на прегледи, вклучително и ендоскопија на горниот гастроинтестинален тракт – процедура која користи осветлена цевка со мала камера која се пренесува низ грлото, низ хранопроводникот и во желудникот. Лекарите имале поголема веројатност да пронајдат знаци на ерозивен гастритис кај пациенти кои рекле дека јаделе брзо.

Една можна причина: луѓето кои голтаат храна имаат поголема веројатност да се прејадат. А прејадувањето, пак, предизвикува храната да остане подолго во желудникот, па слузницата на желудникот е изложена на повеќе стомачна киселина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ