недела, декември 22, 2024
домаЖивотЗдравјеПремногу шеќер ја намалува плодноста

Премногу шеќер ја намалува плодноста

Истражувањe на американските научници од Бостонскиот универзитет укажува на намалена плодност кај луѓето кои често консумираат зашеќерени напитоци.

Стручниот весник „Epidemiology“ пишува дека негативниот ефект врз плодноста од прекумерно внесување на шеќер е независен од другите фактори на ризик, како што се дебелината, конзумирањето алкохол или пушењето.

Редовното консумирање на зашеќерени напитоци е поврзано со просечно 20 проценти пониски шанси за зачнување, а дополнителен ризик е присутен кај луѓето кои секојдневно пијат газирани сокови. Газираните сокови во текот на набљудуваниот период ја намалиле плодноста на мажите во просек за 33, а на жените за 25 проценти.

Во студијата учествувале околу 5.000 испитаници кои биле следени до 12 месеци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ