понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотСценаПРИКАЗНИ ОД ПОРТОКАЛОВИОТ ТЕПИХ: Нета прошета, го украде шоуто  и замина, Тамара најрасположена

ПРИКАЗНИ ОД ПОРТОКАЛОВИОТ ТЕПИХ: Нета прошета, го украде шоуто  и замина, Тамара најрасположена

Специјално од Тел Авив, Валентина Ѓоргиевска Парго       

Со голема евровизиска забава на Абима сквер во Тел Авив, синоќа, 12 мај, официјално започна евровизиската седмица, која ќе финишира оваа сабота, 18 мај, со големо финале, кое се очекува да го проследат неколку стотици илјади гледачи низ цел свет. Македонската претставничка Тамара Тодевска, која со песната „Proud“ настапува во четврток на втората полуфинална вечер, синоќа со својата екипа, придружните вокали Александра Јанева, Антонија Гиговска, Васил Гарванлиев и дел од авторите, парадираше на портокаловиот официјален тепих како делегација која пристигна  36-та. Со голема опуштенсот, весела и слободна таа се поздрави со водителката, а потоа  даде интервјуа пред бројните новинарки екипи кои беа сместени веднаш од десната страна на тепихот. Нивниот стајлинг беше црна боја. Церемонијата почна со чекорење на некогашните евровизиски ѕвезди Дуо Дац и поранешни сопружници, со изведбата на нивниот евровизиски евергрин Кан, стилско етно, изведена во 1991,во која се пее за љубота кон домот, кон својата земја, а и самиот збор кан значи овде. Нивниот настап беше збогатен со учество на познатиот рапер Стефан.

Градоначалникот на Тел Авив со сопругата, големата евровизиска дива Дана интернешнал, победничка во 1998, се прошета по портокаловиот тепих, како и ланската вицешамионка од Кипар Елени Фуреира, редовната Верка Сердучка и многу други познати ѕвезди, внимание привлече редовниот автор Филип Киркоров овој пат како продуцент на руската песна со Сергеј Лазарев, кој е еден од фавритет, но сите во сенка ги фрли Нета, поради која Евровизијата годинава е во Тел Авив. Со бел долг фустан со долга „опашка“, како невеста, придржуван од девојки од страна, Нета беше вистинска атракција, но на изненадување таа помина по ѕвездениот тепих, даде изјави, а потоа се качи во голема лимузина и замина…
Малку невообичано, забавата која беше најавена во 19 часот  почна да се екипира малку порано, кога во 15.30 беа однесеи новинарите на местото на настанот,а нив ги пречекаа работници што ја местеа бината и куп армија составена од мажи и жени, со автомати, нешто што во Тел Авив е глетка речиси на секој ќош. Сите тие се на готовс, со оглед на тоа дека соседите од Палестина им се заканиле дека ќе им ја расипааат Евровизијата со напади. Портокаловиот тепих беше величествен, а влегувањето на самите пејачи од лимузината која ги носеше, чекорењето по тепихот давање интервјуа, се до влезот во големата палата, траеше речиси три часа. Отворањето го означи и  почетокот на возбудливата седмица, но беше и можност да се запознаеме со некои детали, и претпоставки кои кружат меѓу новинарите, од 41 земји претставнички, но и од други светски земји.
Имено, според нив најголем фаворит е претставникот на Холандија, но може да изненади и Швајцарија, додека Италија не е само фаворит во кладилниците, туку и на пејачите овде.
Претставникот Махмуд имаше прес конференција на која кажа дека никогаш не живеел во предградие како во неговата песна, освен во мало гратче, но и дека според него сега животот секаде е ист, не како порано. На прашањата за неговото полуарапско потекло, одговори дека е христијанин и дека не сака ни да разговара за политика, етнички и верски предрасуди и слично, зошто негов фах е музиката и само тоа.
Францускиот претставник предизвикува внимание со неговите изјави да се промовира прифаќањето на различностите, посочувајќи се себе си за пример, дека тој од мал се чувстввуал како принцеза, уште кога ставал салветка на глава  божем круна, а бил одушевен откако бил на концерт на Бијонсе пред неколку години. Во тој стил пристигна на тепихот со фустан и во женски манир.
Она што е најинтересно за симпатичната словенска двојка,  тие се посебно скромни и минималистичи настроени. Откако словенечката телевизија избрала позната пејачка, за која сметале дека ќе победи во конкуренција со младите непознати пејачи, на големо изненадување телевоутингот бил во нивна корист, а публиката била пресреќна затоа што на тој начин сметаат дека не им успеала „кујната“ на оние кои местеле за, сега веќе, второпласираната. „Да се стави крај на кујните„ е пораката што ти ја испратиле со телевоутинг гласањето. Двојката нема кореограф, стилист, шминкер, придружни вокали, одбегнале скапи облеки и си нарачале преку интенет. И додека пред тоа давале до знаење дека се во љубов, вчера Словените ги изненадила нивната изјава дека се само пријатели.
Тамара  во среда ќе има проби повторно. На првата ја покажа креација од Ношпал. и визуелниот приказ во кој таа на сцена е мултиплицирана, направен од Швеѓани..По првата проба се искачи во обложувалниците на седмо место, а за финалето дури на 15. Тоа влева надеж дека можеби годинава конечно ќе влеземе во финале, по пауза од 7 години. Нејзината логистика ја сочинуваат Мери Попова, Анета Андонова, Тони Цифров (кој ќе биде и коментатор), седум фанови,  и пет новинари. Повторно нагласи дека песната ја пее за ќерка си  Хана.

Годинава, никој не е збунет со името, веќе е појасно и не прашуваат за она Фиром…

Од пробата на Тамара

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ