понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотЗдравјеПристигнаа првите вакцини од Ковакс механизмот

Пристигнаа првите вакцини од Ковакс механизмот

Утрово, со комерцијален лет на Туркиш Ерлајнс пристигна поголема количина од долго најавуваните вакцини. По неколку месечното доцнење, првата тура од  24.000 дози од Астра Зенека кои ги добивме преку Ковакс механизмот беа дочекани на аеродромот во Скопје од министерот Филипче и речиси целиот дипломатски кор. Како што најави министерот Филипче веќе од среда ќе започнат да ги вакцинираат постарите луѓе, но и остатокот од медицинскиот персонал.

Она што останува да лебди е прашањето како сега наеднаш вакцината Астра Зенека стана прифатлива и за лицата над 65 години, кога на почетокот на февруари Александра Грозданова на прес-конференција со министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека странските искуства укажуваат дека оваа вакцина не е ефикасна кај популацијата постара од 65 години. И дека по примерот на другите земји, во Македонија со вакцината на „Астра зенека“ ќе се вакцинираат лица под 65-годишна возраст.

Денеска пристигна и втората пратка од 3000 вакцини Спутник V, а којa е наменета за медицинските лица.

Само колку за потсетување Македонија е на дното во регионот, но и во светот по набавка на вакцини и имунизација. Венко Филипче признава дека оваа пратка доаѓа со недели задоцнување, но дека ситуацијата не е различна и во поголем дел од останатите земји.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ