Денеска во земјава пристигнаа првите вакцини за ковид-19. На граничниот премин Табановце делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ му ја предаде донацијата од 4680 вакцини од „Фајзер“.
– Донацијата од 4680 вакцини, од вкупно 8000 вакцини е израз на драгоцен чин на пријателство од соседна Србија која солидарно ги споделува со македонските граѓани – меѓу другото кажа премиерот на РСМакедонија, Зоран Заев
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека по надминување на проблемите околу процедурите за извоз првиот дел од ветената донација стаса во РСМакедонија
-Јас сум среќен што ќе започне имунизацијата во Македонија. Сакам да им порачам на нашите пријатели во Македонија дека Србија нема никакви претензии кон вашата земја, ова е чин на пријателство. Сметаме дека ако пријателите и соседите не се среќни, не може ни вие да бидете среќни…-рече Вучиќ.
Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне пред неколку дена но беше одложено поради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините.
Н.Д.