понеделник, ноември 18, 2024
домаПроекција на „Мали блуз“ и концерт на Басеку Кујате и Нагони Ба...

Проекција на „Мали блуз“ и концерт на Басеку Кујате и Нагони Ба на Оффест

Втората вечер на годинашниот 18-ти Оффест е резервирана за проекција на документарецот „Mali blues“ од 19 часот во киното Фросина во МКЦ, по што во Дансинг салата на МКЦ следи концертот на еден од протагонистите во филмот, амбасадорот на инструментот нгони, Басеку Кујате од Мали. Тој се враќа во Скопје со својот бенд Нгони Ба и со новиот, суптилен и носталгичен албум „Miri“.

Басеку Кујате е вистински мајстор и амбасадор на инструментот нгони, древна, традиционална лејта од Западна Африка. Во рацете на Басеку, овој навидум ограничен инструмент напредна толку многу што успеа да постигне поширок мелодиски опсег и прилагодливост, опфаќајќи ги западните стилови како џез, блуз и рокенрол, што го зацврсти неговиот статус на основач на  електричниот нгони, виртуоз и визионер. Поместувајќи ги границите на возможното кога е овој инструмент во прашање, Басеку отиде дури и подалеку во својата револуционерност, формирајќи го првиот нгони бенд, Ngoni ba, составен исклучиво од нгони инструменти со различна големина и тонален опсег. Денес, Басеку Кујате и Нгони Ба, во чиј состав членуваат неговата сопруга Ејми Сако и синовите Маду и Мустафа Кујате, одржуваат редовни светски турнеи, со стотина концерти годишно, настапувајќи на реномирани фестивали како Fuji Rock, Roskilde, Northsea Jazz Festival,  Glastonbury, Latitude и други. Басеку Кујате се враќа на OFFest со нов, посуптилен и носталгичен албум. „Miri“ (сон, контемплација) е албум за љубовта, пријателството, семејството и вистинските вредности во кризни времиња.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ