вторник, ноември 19, 2024
домаЖивотСцена"Проект Жлуст" со концерт во Котур Кафе и Филм

“Проект Жлуст” со концерт во Котур Кафе и Филм

После цели 10 години пауза фантастичните „Проект Жлуст“ во среда (27 ноември) од 21 часот ќе одржат концерт во Котур Кафе и Филм.

“Проект Жлуст” се Иван Бејков – контрабас, бас-гитара, Оливје Самуилан – виола (Франција), Виктор Филиповски – тапани, Ратко Даутовски – перкусии, Иван Иванов – саксофон, кларинет, Џијан Емин – клавијатури. 

Овој пат, ќе ги слушнеме композициите на Иван Бејков и Џијан Емин, кои се спој на џез, македонскиот и балканскиот фолклор, звуците на класичната европска традиција, во еден романтичарски манир.

Специјален гостин е музичкиот уметник од Франција, Оливје Самуилан, кој беше дел од првата постава на бендот кој важеше за еден од највлијателните состави и кој зад себе остави бројни незаборавни концерти и неколку исклучителни изданија

Не пропуштајте ја оваа ретка прилика, да се слушнат „Проект Жлуст“ во живо по пауза од десет години. Овој нивен камбек ќе значи и повторно обединување на врвните музичари и музички автори.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ