сабота, ноември 16, 2024
домаКУЛТУРАMузика, Опера, БалетПромоција на албумот „Нудист” на Пијан Славеј во пресрет на 23.ОФФест

Промоција на албумот „Нудист” на Пијан Славеј во пресрет на 23.ОФФест

Албумот „Нудист“ на Пијан Славеј, новото (51) издание на „SJF Records“, ќе биде промовиран утре, 1 јуни од 13 часот во „Буква“. Промоцијата којашто е дел од придружната програма на 23. ОФФест, кој ќе се случува од 6 до 9 јуни, ќе биде зачинета со акустичен мини-настап во живо во кој Бранислав Николов ќе претстави дел од материјалот на новиот албум.

Вториот студиски проект на Пијан Славеј (Бранислав Николов – вокал и мини електрично пијано, Пеце Трајковски – гитара и синтисајзер, Гоце Јованоски – бас и Славчо Јовев – тапани) се состои од 4 композиции, во вкупно времетраење од 17 минути. Автор на текстовите е Бранислав Николов, а музиката и аранжманите се дело на групата. Песните се снимени, миксани и продуцирани од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“. Дизајнот на омотот е дело на уметникот Владимир Лукаш. Извршен продуцент на изданието е Оливер Белопета.

„Нудист“ е концептуален мини-албум кој говори за сложената природа на човекот, за соочувањето со себе и, конечно, за немирот и тивкиот крик. Музиката и звукот се производ на здушниот напор на четворицата музичари кои низ овие впечатливи творби нудат пресек на индивидуалниот сензибилитет и светоглед во сегашната точка на дводецениското заедничко уметничко живеење. Четирите песни од „Нудист” се во срцето на пошироката концертна програма на бендот Пијан Славеј, насловена како „нова македонска шансона“.

Покрај физичкото компакт-диск издание, „Нудист“ ќе биде достапен, веќе од овој петок (31 мај), и на сите популарни глобални дигитални платформи и стриминг сервиси: Bandcamp, Spotify, Deezer, Tidal, Apple Music, Youtube…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ