Книгата „Мојот родослов“ од Славе Трајаноски ќе биде промовирана в сабота во 11 часот во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.
– Литературното првенче на Трајаноски е книга напишана од срце, со единствена цел преку запознавање на својот род да се запознае себеси, порачуваат организаторите.
Славе Трајаноски е роден на 12 март 1948 година во Охрид, во работничко семејство. Основно училиште завршува во ОУ „Григор Прличев“, а средно во Гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид во 1967 година. Студира на Педагошката академија во Скопје, а работниот век го поминува во Собранието на општина Охрид, како припадник на штабот за територијална одбрана.