сабота, јули 27, 2024
домаКујнаПромоција на радио емисија и документарно видео со студентите на ФМУ –...

Промоција на радио емисија и документарно видео со студентите на ФМУ – Скопје

Во вторник, 15 мај, со почеток во 17 часот во малата концертна сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе се одржи промоција на радио емисијата „Музичко дружење со студентите по дувачки и гудачки инструменти и гитара“ од Факултетот за музичка уметност во Скопје, како и документарното видео за снимањето на емисијата, подготвени од студентите на насоката за сонологија со мултимедија.
Во емисијата ќе бидат претставени единаесет студенти од инструменталните оддели: Јован Јованов – кларинет, Филип Каревски – фагот, Благоја Василевски –хорна, Моника Трајковска – флејта, Стефан Илиев – труба, Иван Мојсовски – алт-саксофон, Димитар Ангеловски – виолончело, Анеса Зајази – виолончело, Ева Богоевска – виолина, Стефан Волчевски – гитара и Георги Трајков – гитара, кои ќе изведат дела од: J. С. Бах, А. Гргин, Б. Ковач, В. С. Хартли, В. Бујановски, О. Кетинг, Н. Паганини, Ж. Родриго и А. Б. Мангоре.
Радио емисијата и документарното видео ги подготвија студентите на првиот и вториот циклус студии при ФМУ: Јулијан Мицевски, Емили Јањиќ Дачевиќ, Тамара Стојаноска, Викторија Додевска, Андреј Блажевски, Николче Витковски и Цветанчо Николоски, кои ги водат проф. д-р Димитрије Бужаровски и вонр. проф. д-р Трена Јорданоска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ