понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотПронајдени вонземски бактерии на Вселенската станица?

Пронајдени вонземски бактерии на Вселенската станица?

На надворешните површини на Меѓународната вселенска станица е пронајдена жива бактерија од вонземско потекло, за која рускиот космонаут Антон Шкаплеров изјавил дека не била таму кога станицата е лансирана во 1998 година, туку веројатно „долетала од некаде во вселената“.

Според Антон Шкаплеров, астронаутите ја пронашле бактеријата додека земале примероци од трупот на станицата, објави „Спутник“.

„Се покажа дека овие брисеви содржат бактерија, која не беше таму за време на лансирањето на станицата“, изјави Шкаплеров, наведувајќи дека, засега, се чини дека таа не е опасна.

Бактеријата е тестирана на самата станица, која се наоѓа во Земјината орбита, и откако ќе се утврди дека не е штетна за луѓето, дополнителните детални проучувања ќе продолжат на Земјата.

„Се случуваше порано бактерии од Земјата да бидат пренесени на Вселенската станица. Случајно ќе ја внесевме на таблетот заедно со разни материјали што беа поставени во станицата за да го проучиме однесувањето на материјалот во вселената“, објасни Шкаплеров.

Астронаутите открија дека бактериите преживуваат и вакуум, откако се испратени од Земјата, а научниците од Универзитетот во Колорадо открија дека некои бактериски клетки го менуваат обликот во вселената со цел да преживеат напад од вообичаените лекови кои успешно ги уништуваат на Земјата.

„Знаеме дека бактериите се однесуваат поинаку во вселената. Потребни се повисоки концентрации на антибиотици за да бидат убиени“, истакна Луис Зеа, главен автор на студијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ