Освен во САД, протестите против расизмот се раширија низ целиот свет. Така, голем број демонстранти се собраа на улиците на Франција, Англија, Австралија, Канада, Германија и многу други земји за поддршка на движењето „Black Lives Matter“ (Животите на црнците значат) и американски протести против полициската бруталност.
„Дојче веле“ известува за овие протести од минута во минута, при што се наведува дека во Лондон и покрај дождот, демонстрантите се собраа пред зградата на парламентот.
Тие носеа маски и клекнаа во солидарност, извикувајќи пароли како „без правда нема мир, не за расистичка полиција“.
Демонстрантите се собраа и пред амбасадата на САД во Виена, австриската престолнина, исто така извикувајќи пароли „Нема раси, има само еден вид луѓе“ и „расизмот е вистинскиот вирус“.
Освен во овие два големи града, голем број луѓе во Германија ја дадоа својата поддршка на демонстрантите во САД. Така, десетици илјади демонстранти во Франкфурт и Хамбург протестираа против расизмот, држејќи транспаренти со пароли како „вашата болка е нашата болка, вашата борба е нашата борба“.
Освен во тие два града, протести избувнаа и протестите во Берлин и се раширија се до Дизелдорф.
Илјадници луѓе се собраа на Александарплац во централниот дел на Берлин држејќи транспаренти на кои пишуваше „Black Lives Matter“ и „без правда нема мир“.
„Александарплац е преполн, никој од луѓето не може да дојде повеќе. Дистанцирање не е можно“, напиша еден од присутните на Твитер.
Владејачката партија во Јужна Африка – Африканскиот Национален Конгрес (АНК) ја започна кампањата „Црн петок“ како одговор на бруталното убиство на Флојд и институционалниот расизам во САД, дома, во Кина и каде и да има „различни луѓе“.
Кампањата има за цел да ги повика сите јужноафриканци да бидат облечени во црна боја во петок во солидарност, а бојата е наменета и за да ја потенцира смртта. А.Р.