Ако термометарот покажува дека вашата телесна температура значително ги надминува граничните 37 степени целзиусови, додека од сите страни слушате за симптомите на глобалната зараза, сигурно во глава ќе ви се вклучи алармот – можеби сте заразени со коронавирус. Пред да почнете да паничите, важно е да знаете дека не секоја температура е коронавирус кој и не е толку лесно да се добие. За да бидете посмирени дека не се работи за овој вирус проверете ги овие факти:
-Дали сте биле во близина на некој кој бил во загрозено подрачје?
Бидејќи ги знаете луѓето во чија близина се движите, ако киваат, кашлаат или имаат некои од добро познатите симптоми на коронавирусот, не им се доближувајте премногу, посебно ако лицето дошло од Кина, Иран, Италија, Јужна Кореја или други земји во кои постои поголем број на заболени од коронавирусот.
-Што е со јавниот простор?
Ако знаете со кого сте биле во оконтакт од блиските лица, ќе се запрашате што е со јавниот простор, посебно со градскиот превоз? Лекарите до некаде се изјаснија: не може да се заразите ако на улица само поминете покрај некој заразен. Висок ризик од зараза имаат оние кои живеат или имаат директен физички контакт со некој заразе, кому некој кашла и кива во лице (или дојдат во контакт со користено марамче) или се лице в лице во контакт со заразен на помала оддалеченост од два метри подолго од 15 минути.
-Дали е можеби грип?
Повеќе пати е кажано дека симптомите на корона и сезонски грип се слични, па температурата можеби доаѓа од тоа или од настинка која има симптоми слични на грип. Како може да знаете: колку и да се слични грипот и короната се разликуваат токму во температурата. Додека грипот настапува нагло и температурата веднаш се качува и е мноу висока, короната се развива постепено, температурата на почеток благо покачена и полека расте, како и останатите симптоми. Размислете и за тоа, пред да почнете да паничите.
-А што е со другите симптоми?
Запомнете да видите какви други симптоми имате. За короната е важно дека најчесто прво се јавува кашлица, што не мора да е придружена со други симптоми на почетокот. Затоа е важно да не се паничи, туку рационално да пристапите и да ги следите сите симптоми пред да си поставите дијагноза.
-Дали треба да испијам нешто на своја рака?
Без разлика дали е грип или, дај боже корона, температурата и симптомите нема да се отстранат со антибиотици. Важно е да се има предвид дека антибиотиците помагаат при бактериски инфекции, а не кај вирусни и антибиотици никогаш не треба да се пијат без надзор на лекар. Затоа, не грижете се, вие сте во зона која сè уште не е алармантна, па ако се придржувате на мерките за претпазливост, веројатноста дека баш и сте се заразиле со короната не е многу вројатна.
-За првите симптоми, јавете се на еден од телефоните кои ги објави Министерството за здравство
Ако имате оправдано сомневање дека сте заразени со коронавирус и сакате директно да одите во здравствен центар, подобро не трошете време – прво и најважно е да се јавите на еден од телефонските броеви кои ги објави министерството за здравство. Тие врз основа на одговорите што ќе ги дадете, ќе ве советуваат што следува. Една можност е дека лекари на брза помош ќе дојдат да ја направат потребната анализа и да го хоспитализираат пациентот, а ако е потребно да го транспортираат до Инфективната клиника.
-Применувајте мерки на претпазливост
* Избегнувајте контакт со лица кои имаат знаци на инфекција на респираторниот тракт (кашлица, кивање, течење на носот, покаќена температура);
* Избегнувајте масовни собири и престој во простор каде има голем број на лица;
* Зголемете ја хигиената на рацете (миење со вода и сапун најмалку 20 секунди, или доколку тоа не е можно, употреба на алкохолни гелови за дезинфекција на рацете), особено по контакт со заболени лица или престој во потенцијално загрозена област;
* Се препорачува да носите маски преку устата и носот ако престојувате на место каде има масовни собири;
* Задолжително е да се придржувате на мерките за заштита од пренесување на инфекција кај сите лица кои имаат симптоми на инфекција на респираторниот тракт;
* Избегнување контакт со живи или мртви диви или домашни животни.
-Симптоми
Светската здравствена организација на својата официјална веб-страница наведува дека вирусот започнува со треска, проследен со сува кашлица, а по една недела доведува до губење на здивот, а потоа на пациентите им е потребен болнички третман. Некои од симптомите кои уште се споменати се главоболка, кивање, кашлање, губење здив и отежнато дишење. Што се однесува до температурата, СЗО наведува дека доаѓа до постепено покачување на телесната температура. Кај лица со послаб имунитет, кај постарите и малите деца постои можност овој вирус да влијае на долните респираторни органи, така што може да се развие пневмонија или бронхитис. А.Р.