понеделник, декември 23, 2024
домаКујнаПрв пат во историјата: Жена на чело на Волстрит

Прв пат во историјата: Жена на чело на Волстрит

Стејси Канингем е новата директорка на Њујоршката берза (NYSE), што е прв пат во 226-годишната историја на берзата жената да е назначена на највисоката позиција.

„Стејси Канингем е 67. директор на Њујоршката берза“, соопшти матичната компанија NYSE „Интерконтинентал ексчејнџ“ за „Волстрит џурнал“, потсетувајќи дека таа е моментално оперативен директор на берзата.

Канингем на новата функција ќе започне в петок, а ќе го замени Томас Фарли, кој во ноември 2013 година дојде на чело на Њујоршката берза.

Фарли најави дека ќе го напушти „Интерконтинентал ексчејнџ“ за да го води инвестицискиот фонд „Фар Поинт“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ