петок, декември 20, 2024
домаЖивотСоцијална политикаПрва меѓународна веб конференција за жени

Прва меѓународна веб конференција за жени

Институт за комуникациски студии (ИКС) од Скопје и Институтот Изида Вита од Словенија со организација на првата меѓународна веб-конференција за жени во Македонија „Еднаквост на жените“ на 29-ти март 2018 година ќе го означат почетокот на втората фаза од проектот „Еднаква моќ за жените“. На веб-конференцијата  ќе учествуваат претставници од компании, бизнис школи, владини и невладини организации и експерти од ЕУ.

Втората фаза од проектот „Еднаква моќ кај жените“ покрај веб-конференцијата опфаќа и семинари за подобрување на родово врамнотеженото управување во економијата, едукација на претставниците на невладините организации со цел дисеминација на добри практики и активности, собирање на добри практики, објавување на Насоките за балансирано вклучување на различни родови на највисоките управувачки позиции во бизнисите во Македонија и потпишување на Договор за начелата за родова еднаквост.

Резултатите од истражувањето за родова застапеност на раководни позиции во Македонија, кое беше спроведено во првата фаза од проектот покажуваат дека проблемот кој постои во Европа за нееднаквата застапеност на жените на раководни позиции постои и во Македонија. Во најголем број на средните и големи компании сопственици се мажи (73%) или генерални менаџери (67%), додека само 33% жени менаџираат со компаниите, а само 27% се сопственички. Истражувањето покажа и дека само 26 отсто од компаниите веќе се обиделе да преземат една или повеќе активности за да ја подобат родовата избалансиранст во управувањето, а 14 проценти планираат да го сторат тоа.

Во првата фаза од проектот беше остварена соработка со бизнис секторот и со невладини организации, а започна да се издава и е-Магазинот за еднаквост и разновидност „Еднаква моќ“.

Целта на проектот „Еднаква моќ кај жените“ е да се зголеми свеста за проблемот и да се воспостават механизми и алатки за унапредување на половата еднаквост и балансирано учество на жените и мажите на водечките позиции во бизнис секторот. Проектот се спроведува од 1 март 2017 до 30 октомври  2019, а е финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија. Пријавување учество на веб-конференцијата и повеќе информации на  natalie@izidavita.si  dandonov@vs.edu.mk.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ