четврток, декември 26, 2024
домаКујнаПрва средба одблизу во чест на интернационалните кинематографери

Прва средба одблизу во чест на интернационалните кинематографери

МЕДИА деск Македонија на 39-от ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола одржа “The 1-st Close up gathering in honor of international cinematographers”/„Првата Close up средба во чест на интернационалните кинематографери“ . На средбата присуствуваа голем број домашни и странски кинематографери, продуценти, режисери како и овогодишниот лауреат на наградата „Златна Камера 300“ Роџер Дикинс и добитничката на специјалната награда „Златна камера 300“ Клаудија Кардинале.   На првата Close up средба свое кратко обраќање имаше и господинот Фрејк Јанмат, претставник од Делегацијата на Европската Унија во Скопје кој ја поздрави оваа инцијатива на МЕДИА деск Македонија со која се означи почетокот на серија средби таканаречени „Close ups”.  Средбите ќе се одржуваат во текот на годината со цел да се спојуваат различни професионалци од аудиовизуелниот сектор, разменувајќи искуства и решенија за конкретни проблеми. Секој “Close up“ ќе биде посветен на различна тема и ќе опфаќа конкретни домашни и странски професионалци од поединечните области во секторот кој го поддржува МЕДИА. Се разбира, основата на овие средби се темели на поддршката на програмата Креативна Европа МЕДИА и секогаш МЕДИА Деск-от во Македонија ќе ги стимулира македонските апликанти да дојдат до финансиски средства за полесно да ги остваруваат своите идеи и да ги реализираат проектите што ги замислиле.

На годинешното фестивалско издание се прикажуваат 7 филма кои се поддржани од програмата Креативна Европа-МЕДИА, од кои 3 се во официјалната селекција.

Меѓу седумте филма е и документарецот „Пофалба на ништото“ на српскиот режисер Борис Митиќ, кој со поддршка на МЕДИА Дескот МК доаѓа на фестивалот за да одржи работилница со студентите на 25-ти септември во 13 часот (Центар за култура-Битола, мала сала). Филмот „Пофалба на ништото“ доби 50, 000 евра финансиска поддршка од МЕДИА во повикот за ТВ програми, кој е отворен за независни европски продуцентски компании чиј бизнис план вклучува соработка со најмалку три телевизиски куќи од повеќе земји членки на потпрограмата МЕДИА.

Утре на ИФФК „Браќа Манаки“ почнува детската програма, а во рамки на фестивалската програма „Првите филмови, први“, ќе се одржи мастер класа со кинематограферот Кристијан Бергер и со сценографот и дизајнерот Кристоф Кантер на тема „Создавајќи го стилот на филмовите на Ханеке“.

Утре (25.09) ќе се одржи и  Балканската конференција на ИМАГО, асоцијација на кинематограферите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ