Во скопското кино „Милениум“, синоќа пред преполна сала се одржа премиерата на новиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Бикини Мун“, кој е американско-германска копродукција. На премиерната проекција присуствуваа бројни актуелни и поранешни функционери, луѓе од бизнис сферата, ценети професори, актери, режисери, продуценти, музичари и новинари. Пред самата премиера на „Бикини Мун“ беше прикажан петминутниот филм на Манчевски, „Крајот на времето“.
На премиерата присуствуваше и дел од филмската екипа на „Бикини Мун“ и на крајот од проекцијата и се поклонија на публиката, која ги награди со френетични аплаузи. На сцената се качија режисерот Милчо Манчевски, композиторот на музиката Игор Василев – Новоградска и дизајнерот на продукција, британецот Дејвид Манс.
Манчевски, најнаградуваниот македонски автор, вели дека „Бикини Мун“ е современа трагедија, која, според својата структура претставува филм во филм, лажен синема верите документарец. Главните улоги ги играат Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис.
Од денеска филмот е на редовниот репертоар на киното „Милениум“ со проекции од 20 и 22 часот.
Публиката го награди „Бикини Мун“ со френетични аплаузи
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!