Рускиот претседател Владимир Путин реши да ја одржи денешната средба со членовите на владата преку видео конференција, соопшти Кремљ.
Одлуката е донесена само еден ден откако кај директорот на болницата, која Путин ја посети минатата недела, беше потврдено присуството на коронавирусот.
Денис Прошенко беше домаќин на Претседателот на Русија минатата недела при посетата на московската болница за лекување на пациенти заболени од Ковид-19.
Откако се дозна дека Прошенко е заразен, тој се заклучил во својата канцеларија. Од Кремљ тврдат дека сè е во ред со здравјето на Путин, дека тој одржува пропишана оддалеченост од луѓето и дека му дошло малку да „работи во изолација“. А.Р.