четврток, април 25, 2024
домаНасловнаРастат тензиите на Косово: Србите тргнаа да формираат својот ентитет

Растат тензиите на Косово: Србите тргнаа да формираат својот ентитет

По одлуката на членовите на Српската листа да ја напуштат косовската влада и сами да формираат Заедница на српски општини, може да дојде до уште поголеми тензии во северно Косово. Имено, од Приштина стигна предупредување дека ќе ги приведе сите кои се против законот и Уставот на Косово.

Политичките претставници на косовските Срби одлучија да ја ускратат поддршката на владата на премиерот Рамуш Харадинај и да ја напуштат косовската влада и да формираат заедница на српски општини на почетокот од април. Косовскиот министер за инфраструктура, Пал Лекај, пак, предупреди дека членовите на Српската листа би можеле да бидат уапсени ако ја формираат Заедницата на српските општини.

„Тие може да бидат приведени во моментот кога ќе бидат против законот и Уставот на Косово“, рече Лекај за КТВ.

Претставниците на 10 општини со мнозинско српско население во Косово денеска ќе одржат заедничка седница во северниот дел на Косовска Митровица, на која ќе ја разгледаат политичката и безбедносната ситуација.

Косовскиот премиер оцени, по состанокот со Советот за безбедност во вторникот, дека безбедносната ситуација во земјата е стабилна.

До ескалацијата на тензиите меѓу Косово и Србија дојде откако косовските полицајци во понеделникот го уапсија шефот на канцеларијата на српската влада на Косово, Марко Ѓуриќ, и секретарот на Вучиќ, Никола Селаковиќ. Имено, тие пристигнаа во Косово, иако косовските власти не им дозволија да влезат. По бруталното апсење, Марко Ѓуриќ беше ослободен односно протеран од земјата.

Александар Вучиќ во вторникот се состана со комесарот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, која изрази жалење за инцидентот во Косово и рече дека такви работи повеќе не смее да се повторат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ