четврток, декември 26, 2024
домаЖивотРазлични есапи за социјалното дистанцирање: СЗО вели дека 1 метар е безбеден,...

Различни есапи за социјалното дистанцирање: СЗО вели дека 1 метар е безбеден, а Јапонија смета дека се потребни 4 метри

Воведени се голем број мерки за борба против коронавирусот. Една од нив е социјалното растојание од најмалку 2 метри. Ваквата состојба беше воведена и во однос на оддалеченоста на масите во просториите на терасите – тие треба да бидат лоцирани најмалку 2,5 метри едни од други. Владата исто така постојано нагласува дека оддалечувањето е главниот метод за спречување на заразата. Сепак, многу луѓе се прашуваат како ни помага социјалната дистанца.

Ако се направи анализа на мерките во неколку држави и препорачани од СЗО, ќе се зебележи разлики вопрепораките за иста работа. Имено, одалеченоста помеѓу лицата различно се третира во различни земји, но во целина може да се каже дека колку сте поблиску до некого, толку е поголем ризикот од инфекција.

Светската здравствена организација соопшти дека растојанието од еден метар е безбедно. Некои земји воведоа задолжително растојание од 1,5 метар или 1,8 метри, додека Велика Британија избра два метра.

Колку подолго ќе поминете со заразен, толку е поголема шансата да се заразите. Затоа, во некои земји, се препорачува да не останете во затворено повеќе од 15 минути.

Научниците го проследија воведувањето на двометарското правило во далечните 1930-ти години, а потоа група истражувачи открија дека течностите ослободени со кивање или кашлање испаруваат брзо во воздухот или паѓаат на земја, привлечени од гравитацијата. Тие веруваат дека тоа се случува на растојание од 1 до 2 метри од лицето.

Поради оваа причина, поголема одалеченост помал ризик од инфекција. Многу научници ја сметаат близината и допирањето на површините како главни патеки за пренесување на инфекцијата. Некои се загрижени дека овие не се единствените начини за пренесување на COVID-19. Тие веруваат дека е сосема можно вирусот да се пренесува и преку аеросоли. Ако ова е точно, тогаш коронавирусот може да достигне дополнителни растојанија. Студијата во болница во Кина открила дека оддалеченоста од 4 метри е многу побезбедна.
Прашањето за тоа каде е побезбедно – во затворено или на отворено – исто така е широко дискутирано. Според научниците, шансата за пренесување на коронавирус во затворен простор е 19 пати поголема.

„Во затворен простор може да се предизвика секундарна контаминација на коронавирус“, се вели во јапонската студија на 110 заразени лица, а ја пренесува Би Би Си.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ