недела, ноември 24, 2024
домаЖивотРазрешен директорот на струшката болница

Разрешен директорот на струшката болница

Минситерот за здраввство, доц Венко Филипче на деншната прес конференција информира дека денеска е донесена Одлука за разрешување на директорот на Општата болница во Струга, Мухамед Асани,  ради лучајот со родилката од Дебар Јилдиз Веаповска на која при породувањето и беа извадени три органи.

Филипче информира дека донел одлука за формирање на нова Комисијата во која има 5 члена, директорите на клиниките кои се надлежни за операциите кои се направени врз родилката. Новата Комисија треба најдоцна 8 дена по надзорот до Министерството да достави извештај во кој ќе се констатира состојбата, евентуални недостатоци, неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа, а особено во однос на спроведувањето на стручните упатства и условите и начинот на укажување на здравствена заштита.

Исто така треба да даде и стручно мислење за состојбата во установата и настанатите или можни последици по здравјето на пациентот и предлог за определување мерки за отстранување на недостатоци или пропусти и рокови за нивно отстранување.

Филипче информира дека првата Комисија била формирана по налог на Лекарската комора, која утрврди дека немало лекарска грешка.

Смената на директорот на Општата болница во Струга, Мухамед Асани, доаѓа по притисок на грашаните и голем број на граѓански организации.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ