Рециклирањето во Европа: Циркуларната економија во подем

0
15

Речиси 12 отсто од материјалите што се користат во Европската Унија потекнуваат од рециклиран отпад, што покажува сè поголема посветеност на циркуларната економија. Овој индикатор, познат како „стапка на циркуларна употреба на материјали“ или „стапка на циркуларност“, го мери уделот на рециклираните материјали во вкупната потрошувачка на ресурси.

Европската Унија бележи континуиран раст на овој показател, кој во 2023 година пораснал за 0,3 проценти во однос на 2022 година, достигнувајќи го највисокото ниво од почетокот на мерењето.

Водечки земји и видови материјали
Највисока стапка на циркуларност бележат Холандија (30,6 отсто), Италија (20,8 отсто) и Малта (19,8 отсто), додека на дното на листата се Романија (1,3 отсто), Ирска (2,3 отсто) и Финска (2,4 отсто).

Според видовите материјали, металните руди се на врвот со стапка на циркуларност од 24,7 отсто, по што следуваат неметалните минерали (13,6 отсто), биомасата (10,1 отсто) и фосилните енергетски материјали (3,4 отсто).

Предизвици и можности
Овие податоци покажуваат напредок, но и предизвици за земјите со ниска стапка на рециклирање. Додека некои земји и сектори покажуваат висок степен на усогласеност со циркуларната економија, други сè уште треба да го започнат својот пат кон поодржливо управување со ресурсите.

Како што ЕУ продолжува со напорите за намалување на зависноста од примарни суровини, растот на стапките на циркуларност отвора можности не само за еколошки придобивки, туку и за иновации и нови деловни модели во сите сектори.

Н.Д.