Регионалната награда во чест на Милан Младеновиќ ја истакнува креативноста на младите рок бендови од поранешна Југославија.

Милан Младеновиќ беше легендарен српски и југословенски алтернативен рок музичар, поет и активист на антивоеното движење.

0
40

Фондацијата Милан Младеновиќ ги објави супер финалистите за наградата „Милан Младеновиќ“ за 2024 година, именувана во чест на легендарниот српски и југословенски музичар, најпознат како фронтмен на југословенската арт рок група „Екатерина Велика“ (ЕКВ), влијателен поет и активист на антивоеното движење.

Годишната награда е основана со цел да се „промовира уметноста на музиката обележана со карактеристики што го дефинираат неговото уметничко наследство.“ Петте финалисти, кои го претставуваат авангардот на современата музика во регионот, беа избрани од меѓународно жири.

Победникот ќе биде објавен на 21 септември, на роденденот на Младеновиќ, во Макарска, приморски град во Хрватска, кој имал посебно значење во неговиот живот. Тој е роден во Загреб (Хрватска), живеел во Сараево (Босна и Херцеговина) и Белград (Србија), додека летувал во Макарска, родното место на неговата мајка.

Жирито за 2024 година го сочинуваат познати имиња од југословенската рок сцена: Ања Рупел, пејачка на славната словенечка синтпоп група „Видеосекс“ (која често настапувала со ЕКВ), хрватскиот музички критичар Дубравко Јагатиќ, музичарот Макс Јуричиќ, поранешен член на легендарните хрватски групи „Азра“ и „Филм“, и двајца српски членови: музичарот Никола Врањковиќ и музичкиот уредник Светлана Ѓоловиќ.

Жирито прегледало 318 песни што се пријавиле на конкурсот, избирајќи ги следните пет песни како супер финалисти (по азбучен редослед):

  • Moira, со песната „Арома(н)тична“ од Северна Македонија
  • Lennie, со песната „Десна страна книги“ од Хрватска
  • Nemeček, со песната „Мирила“ од Хрватска
  • Škofja Loka VIS, со песната „Никогаш никој“ од Србија
  • Tamara Mylo, со песната „После едно пролет“ од Србија

Членовите на жирито изразија задоволство од квалитетот на избраните кандидатски песни и младите уметници, кои ја отсликуваат креативноста на сегашната генерација млади музичари, како и надеж дека уште повеќе такви млади музичари од сите земји ќе продолжат да аплицираат во иднина.

Од над триста кандидати, жирито прво избра 42 полуфиналисти, а потоа ги стесни изборот на 12 финалисти кои ќе се појават на промотивен компилациски албум (ЦД), додека победникот ќе добие и парична награда од 3000 евра и покана да настапи на „Егзит“, најголемиот регионален музички фестивал во Нови Сад следната година.

Насловот на песната „Арома(н)тична“ од македонското дуо Моира може да се преведе како „Арома(н)тична“, комбинирајќи ги зборовите ароматична и романтична. Бендот е составен од композиторот и гитарист Дарко Јованов и вокалистката Јасна Трпкова, кои изјавија дека нивната џез песна ги претставува „состојбите на помеѓу“. Песната беше издадена заедно со видео во стоп-анимација кое содржи над 4000 слики, направени од Јованов и неговиот брат Дејан.

Н.Д.