петок, декември 20, 2024
домаТехнологијаРобот-правосмукалките претставуваат сериозна опасност

Робот-правосмукалките претставуваат сериозна опасност

Истражувачите веруваат дека тие се потенцијална закана за безбедноста на домот

Роботи  правосмукалки сè повеќе влегуваат во нашите домови и нè заменуваат во чистењето кога не сме дома. Сепак, излегува дека колку што се корисни кога нè нема дома, тие можат да бидат исто толку штетни и кога сме дома.

Современ робот правосмукалка е хакиран од тим истражувачи за снимање и пренесување на звук. Истражувачкиот тим предводен од Нирупам Рој, доцент по компјутерски науки на Универзитетот во Мериленд, дошол до разочарувачки заклучоци за безбедноста на современиот апарат за домаќинство.

Сè е во врска со навигацијата што се користи во достапните модели. Се базира на ласерски зрак, чија рефлексија овозможува правосмукалката да избегнува судири со други предмети. Научниците откриле дека звучните бранови предизвикуваат некои мали промени во рефлектираниот зрак. Истражувачите ја искористија оваа одлика за да создадат алгоритам за обработка на такви податоци. Системот, наречен LidarPhone, успева да го препознае човечкиот говор со 90% точност. Авторите на студијата сметаат дека оваа ранливост претставува потенцијална закана за безбедноста на домовите или деловните активности на корисниците кои користат роботски правосмукалки.                                                     Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ