Пишува: Наташа Доковска
Рударството е една од најстарите индустрии која и денеска игра важна улога во економиите на многу земји, вклучувајќи ја и Македонија. Со откривање на нови рудни наоѓалишта и проширување на постоечките, рударството претставува значителен извор на приход и вработување. Сепак, оваа индустрија има и сериозни импликации врз животната средина. Во овој текст ќе се разгледаат концесиите во рударството, влијанието на рударската индустрија врз животната средина, правата и барањата на локалното население, како и потенцијалните мерки за ублажување на негативните ефекти.
Концесии во Рударството
Концесиите претставуваат правни дозволи издадени од државата на компании за истражување и експлоатација на минерални суровини. Во Македонија, процесот на доделување концесии е регулиран со Закон за минерални суровини. Овие концесии се често предмет на контроверзии поради недоволната транспарентност и корупција. Постапките за доделување концесии треба да бидат транспарентни и фер за да се осигура дека интересите на државата и локалното население се заштитени. Но, дали е во реалноста тала?
Според информациите од јавен карактер, Македонија има издадено 362 концесии за ископување на минерали!!! Но, она што останува како кнедла е која е проценката за животната средина од работата на т.н. концесионери и под кои услови тие имаат право да ископуваат руда, со кој интензитет и на кој начин смеат тоа да го прават.
Бранителите на еколошка правда најчесто се повикуваат на основното човеково право, а тоа е да живеат во здрава животна средина и сакаат активно да учествуваат во донесувањето на одлуките. Особено кога тие сеоднесуваат на нивните домови, на влијанието врз животната средина и здравјето на граѓаните. Месното население, најчесто неинформирано за нивните права, како и за непознавањата поврзасо со Архуската Конвеција з апристап до информации. уество на јавноста во донесувањето на одлуките, како и пристап до правда, борбата ја водат на улица. Надвор од институциите, а што најчесто е во корист токму на институциите, кои пак, се наоѓаат во улога на поддржувачи на странските инвеститори,кои пак за воа на вистината за мали пари успеваат да направат големо негативно влијание врз животната средина
Како најчести форми на уништување на животната средина населението се сведоци на Загадување на Води: Рударските активности доведуваат до загадување на подземните и површинските води со токсични хемикалии како што се цијанид и тешки метали.
Загадување на Воздух: Прашина и емисии од рударските процеси придонесуваат за загадување на воврз нарушување на здухот, што предизвикува здравствени проблеми кај локалното население.
Дефорестација и Ерозија: Рударските активности често бараат отстранување на вегетацијата, што води до дефорастација и ерозија на почвата.
Деградација на Биодиверзитет: Рударството предизвикува губење на живеалиштата и намалување на биодиверзитетот.
Отпад: Генерирање на огромни количини на рударски отпад кои треба да се управуваат правилно за да се избегне загадување на околината.
Правата и Барањата на Локалното Население
Локалното население кое живее во близина на рударските области често се соочува со значителни предизвици поради рударските активности. Нивните права и барања се многу важни и треба да бидат земени предвид при планирањето и спроведувањето на рударските проекти, но за жал тие најечсто завршуваат како иницијативи кои никогаѓ не добиваат вообличен лик.
Бранителите на еколошка правда најчесто се повикуваат на правото на чиста животна средина: локалното население има право на чист воздух и вода, како и на здрава животна средина. Ова значи дека рударските компании мораат да преземат мерки за намалување на загадувањето и заштита на животната средина, иако во реалноста е далеку од почитувањето на мининалните стандарди во рударството.
Покрај ова, учество во одлучувањето и повикување на имплементација на Архуската конвенција е исто така од голема важност. Имено, локалното население треба да биде вклучено во процесите на одлучување поврзани со рударските проекти. Ова вклучува право на информации, консултации и учество во јавни расправи. Но, истражувањата окд реаноста покажуваат дека многу ретско локалното население се кани на овие расправи, а кога тоа се прави, информациите кои што се споделуваат за расправите се натранспарентни, се објвауваа во предвечерјето на расправите или се објавуваат на јазиците на националностите и се нерзбирливи за широката јавност.
Во случаи каде што рударските активности предизвикуваат штети на имотот или животната средина, локалното население треба да има право на фер компензација и програми за рехабилитација.Компензација и Рехабилитација треба да биде приорите за концесионерите, но за жал досегашното истражување не покажа такви примери. А, паралено со ова не постојата, односно не се регистрирани здравствени и Социјални Програми, а кои пради потенцијалните здравствени ризици, рударските компании треба да ги обезбедат за локалното население рботно ангажирано во рудниците.
Примери од Македонија
Во Македонија, неколку рудници предизвикале значителни контроверзии и протести од страна на локалното население и еколошки активисти. Пример за тоа е рудникот Казандол, кој беше суспендиран поради неправилности и еколошки опасности. Други рудници како Иловица и Бучим се исто така под лупа на јавноста поради нивните влијанија врз животната средина и локалната заедница. Последната иницијатива од месното население во с. Ореовец, Прилепско, каде што Конзорциумот Bechtel&Enka неосновано ископува, загадува и концесионира со мермерот, се разбира со образложение дека тоа го прави за јавен интерес – изградбата на автопатот, е веројатно капката што ќе прелие.
Мерки за Ублажување
За да се ублажат негативните влијанија на рударството врз животната средина, потребни се конкретни мерки и активности за заштита на населението и животната средина. Пред се неопходни се засилени регулации и контроли, кои ке се сототојат од редовни инспекции за да се обезбеди усогласеноста со еколошките стандарди.
Она што е особено важно и неопходно е транспарентност во доделување на концесии. Неопходен е транспарентен и инклузивен процес на доделување концесии за да се избегне корупција и да се вклучи локалното население. Важно е на населението да му се објаснат технологиите за намалување на загадувањето во имплементација на рударењето, односно колку се инвестира во напредните технологии за намалување на загадувањето на воздухот и водите.
Населението, пак, кое живее и егзистирало и егзистира од земјоделие која земја се наоѓа во непосредна близина на рудниците, или пак чија земја е узурпирана имаат право на рехабилитација на земјиштето, но искрено такви програми за рехабилитација на рударските локации по завршување на експлоатацијата, досега никој нема понудено. И, она што иако го споменувам последно, а не е најмалку важно е јакнењето на локалните заедници, односно вклучување на локалното население во процесите на одлучување и осигурување дека тие имаат корист од рударските активности.
Како и да е, рударската индустрија може да биде значителен економски двигател, но мора да се управува внимателно за да се минимизираат негативните влијанија врз животната средина. Во Македонија, потребно е подобрување на регулаторните рамки и практиките за да се осигура дека рударството се одвива на одржлив и еколошки прифатлив начин. Само преку соработка меѓу владата, рударските компании и локалните заедници може да се постигне рамнотежа меѓу економскиот развој и заштитата на животната средина.
———————————————————————————————–
Сторијата е направена во рамки на проектот „Зајакнување на информацијата: Колаборативен центар за квалитетно новинарството во Северна Македонија”, подржан од Програмата #SustainMedia, кофинансирана од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој. Неговата содржина е единствена одговорност на „Пела радио“ и не мора да го одразува ставот на ЕУ или на Федералното Министерство за економска соработка и развој