сабота, јули 27, 2024
домаРусија ја стави државава на листата на непријателски земји

Русија ја стави државава на листата на непријателски земји

Владата на Руската Федерација го одобри списокот на странски земји и територии кои „вршат непријателски дејствија против Русија“, а на листата се најде и нашата држава.

– Владата одобри список на странски земји и територии кои вршат непријателски дејствија против Русија, руските компании и граѓани. Наредбата за тоа е потпишана – се наведува во соопштението на прес-службата на Кабинетот на министри.

На списокот покрај Северна Македонија, од регионот се најдоа Црна Гора и Албанија, а другите земји се Австралија, Андора, Велика Британија, земји-членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Швајцарија, Јапонија.

Претходно рускиот ретседател Владимир Путин во саботата потпиша указ, според кој руската влада во рок од два дена треба да ја утврди листата на земји кои преземаат „непријателски дејствија“ против Русија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ