сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотЗдравјеРусија во јуни почнува тестирање на вакцината против коронавирус на луѓе

Русија во јуни почнува тестирање на вакцината против коронавирус на луѓе

Русија работи на вакцина против коронавирусот, која од јуни ќе почне да се тестира и на луѓе.

Тестирањето на прототипот на вакцината против коронавирус на животни се очекува да биде завршено до крајот на април, а човечкото тестирање ќе започне во јуни, изјавил Ринат Максутов, генерален директор на Векторскиот државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија во Новосибирс, во документарецот „Опасен вирус“, што се емитувал на телевизија „Русија 1“.

Според неговите зборови, тестовите врз глувци и ласици завршиле, а наскоро ќе започнат испитувања на пониски видови примати, пренесува ТАСС.

-Планираме да го завршиме тестирањето на животни кон крајот на април, а потоа да преминеме на предклинички истражувања во кои се вклучени луѓето, а испитувањата на луѓе започнуваат во јуни – додал Максутов.

Досега се потврдени вкупно 4.731 случаи на коронавирус во Русија, при што 333 пациенти се опоравиле од вирусот. Според најновите податоци, регистрирани се 43 смртни случаи во земјата. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ