Соединетите Американски Држави официјално објавија дека се повлекуваат од Светската здравствена организација (СЗО), наведувајќи го како главна причина неуспехот на организацијата да се справи со глобалните здравствени кризи, вклучувајќи ја и пандемијата на Ковид-19. Американските власти ја обвинија СЗО за пристрасност кон Кина и недоволна транспарентност во раните фази на пандемијата.
Со оваа одлука, САД, како еден од најголемите финансиски поддржувачи, ќе ги прекинат своите придонеси во буџетот на организацијата, што ќе има сериозни последици врз клучните програми за борба против заразни болести и глобалната вакцинација.
Експертите предупредуваат дека повлекувањето може да доведе до слабеење на глобалните напори за справување со здравствените закани и ќе остави празнина што други големи сили, како Кина, можат да ја искористат за зголемување на своето влијание. СЗО сега се соочува со значителни финансиски и политички предизвици, а иднината на глобалното здравје останува неизвесна.
Н.Доковска