сабота, јули 27, 2024
домаКујнаСамостојна изложба на Ангелца Стоиљковиќ

Самостојна изложба на Ангелца Стоиљковиќ

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Младинскиот Културен Центар – МКЦ во Скопје имаа чест да ве поканат на отварањето на самостојната изложба на Ангелца Стоиљковиќ со наслов „Предели на поетиката на предвидливото во трансферзалите на ововремената појавна стварност“ која што ќе се одржи на 15 мај (вторник) во горното фоаје на МКЦ во Скопје во 20 часот.

Ангелца Стоиљковиќ е добитник на наградата на ДЛУМ за најдобар „Експериментален цртеж“ во 2017 година и оваа изложба ДЛУМ ја организира како наградна изложба.

На изложбата авторот ќе се претстави со 24 дела цртежи изработени во 2017 и 2018 година. Љубителите на ликовнaта уметност оваа изложба ќе имаат можност да ја посетат до 25 мај.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ