недела, ноември 17, 2024
домаЖивотСценаСе е подготвено за дваесеттиот Виенски бал во Скопје

Се е подготвено за дваесеттиот Виенски бал во Скопје

Годинешниот Виенски бал ќе се одржи на 16 март во 19.30 часот во хотелот Александар Палас. Годинава се слави дваесеттиот јубилеј. Програмата почнува во 19.15 часот со коктел, а во 20 часот е свеченото отворање.

Балот почнува со точки на танчерите од „Прима данца“ и оркестарот „Јохан Штраус“ под диригенство на Бисера Чадловска. Потоа ќе свират Џез Биг Бенд под диригентство на Џијан Емин, а ќе пеат Драган Бобиќ – Дексо, Лина Авшар, Џон Илија Апелгрин, ќе ги слушнеме и „Арт Бенд“, а Горан Алачки на хармоника. Ќе настапат и солистите на Балетот при Македонската опера и балет Саша Ефтимова и Ендру Кук.

Ексклузивни гости се танчарите од Танцовата школа Елмајер од Австрија. Водителка на балот по прв пат е Вера Мештеровиќ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ