Македонската амбасада во Шпанија на нејзиниот официјален профил на Фејсбук се огласи и ги повика сите македонски државјани кои се наоѓаат во Шпанија да се јават и да остават податоци.
Во информација која ја споделија на Фејсбук се вели : „Почитувани, поради новонастаната ситуација со корона вирусот, молиме сите затекнати македонски државјани на аеродромите или на територијата на Шпанија, да се регистрираат на madrid@mfa.gov.mk со оставање на лични податоци, име и презиме, број на патна исправа, како и податоци за патничко возило, доколку со истото се затекнати во Шпанија (тип на возило) и број на регистрарски таблици. Молиме итна достава на податоците, поради нивна обработка“.
Во известувањето кои вечерва го споделија се вели дека овој повик не се однесува на наши државјани кои живеат или престојуваат во Шпанија (кај роднини или пријатели), кои имаат регулиран престој и за кои е упатен апел врз основа на официјалните мерки и препораки да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период од Шпанија, како земја од висок ризик.
Н.С.