среда, ноември 20, 2024
домаНасловнаСе почитуваат ли протоколите за КОВИД19 во Црвен Крст? - Дел од...

Се почитуваат ли протоколите за КОВИД19 во Црвен Крст? – Дел од вработените реагираат на селективен однос?!

До редакцијата на ТЕХТ.МК стаса писмо потпишано од вработени во Црвен крст на Република Северна Македонија. Во писмото информираат за (не)почитувањето на протоколите за Ковид19 и селективниот однос кон одредена група вработени. ТЕХТ МК во обид да добие информации за конкретната реакција на дел од вработените се обиде да ги исконтактира во Црвениот Крст, но одговор не добивме. Во отсуство на одговор од едната страна, го пренесуваме писмото во целост и за веродостојноста на напишаното да се надеваме дека ќе има одговор од надлежните инспекции кои се должни да реагираат по доопрен глас.

Во писмото се вели следново: „Би сакале да ве информираме за кршење на нашите права и непочитување на законите на Република Северна Македонија за справување со Ковид-19 вирусот со што нашите животи се доведени во опасност од раководството на организацијата.
Минатата недела во Црвениот крст на Република Северна Македонија (Централната канцеларија) се дијагностицирани два позитивни случаи на Ковид-19 (на кои во анкетите за контакт со лица им беше јасно што да престават)  на кои раководството реагираше индиферентно со селективно тестирање и испраќање во изолација на „само него блиски“ вработени додека поголемиот дел беа оставени „доколку сакаат сами да се тестираат и да си ги сносат трошоците за истото, а доколку сакаат да се изолираат да си земат „боледување“. Истите се со неможност да се самоизолираат поради вербалните закани дека тоа ќе резултира како отсуство од работа и дека ќе има последици за истите!
Преку вас би да допреме до соодветните институции за флагрантното кршење на нашите права и доведување на нашите животи и животите на нашите семејства во опасност. Организација како Црвениот крст на Северна Македонија треба да биде пример за справување во ваква здравствена криза, а не на најлош начин да ги крши сите правила за справување со неа.
Доведени во безизлезна ситуација се надеваме дека позитивно ќе одговорите на нашиот апел и ќе го објавите, но и дека преку Вас ќе можеме да поставиме прашање до Министерот за Здравство Г-нот Венко Филипче за ситуацијата во Црвениот крст на Република Северна Македонија во моментов околу инфицираните лица, дали ќе се интервенира да се тестираат сите вработени и до кога ке се толерира самоволието и кршењето на законите кое се случува со години наназад од страна на раководството на истата a правилата ќе важат само за одредени луѓе и ќе бидат само за на хартија за представување пред јавност.“

Н.Доковска

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ