Борбен авион на Јужна Кореја се урна во планините во руралниот дел на југот на земјата, соопштија јужнокорејските воздухопловни сили.
Уште не е позната причината за падот на авионот Ф-15К, ниту пак дали двајцата пилоти безбедно се катапултирале.
Јужнокорејските воздухопловни сили наведоа дека во тек е потрагата по пилотите, кои по воздухопловната мисија се враќале во базата во градот Тегу.
Се додава дека нема извештаи за можни цивилни жртви, ниту материјална штета.