петок, декември 20, 2024
домаСе урна мост во Балтимор по удар од брод, се трага по...

Се урна мост во Балтимор по удар од брод, се трага по најмалку 20 луѓе

Мостот Френсис Скот Ки во Балтимор, САД, се урна рано наутро во вторникот, откако голем брод удри во столб од мостот, јави Си-Ен-Ен. Спасувачките тимови велат дека трагаат по најмалку 20 лица за кои се верува дека паднале во вода.

Тим нуркачи трага по исчезнатите во реката, а како што е споменато, водата е студена, а температурата околу мостот е околу -1 °C. Сообраќајот преку мостот е пренасочен, објави Транспортната управа на Мериленд (MTA), пренесува Си-Ен-Ен.

Како што пренесува Скај њуз, на мостот во моментот на несреќата имало возила, кои слетале во водата. Кевин Картрајт, портпарол на противпожарната служба на градот Балтимор, рече дека главниот фокус во моментов е „обидот да се спасат луѓето“.

Мостот со четири ленти се протега на реката Патапско и служи како најоддалечен премин на пристаништето Балтимор, прнесува Н1. Го поврзува меѓудржавниот пат 695. Медиумите објавија и снимки од уривањето на мостот, кој е пуштен за сообраќај во 1977 година. На снимката се гледа висок брод кој директно се упатува кон еден од столбовите на мостот пред да се судри со него. Потоа следи пропаѓање на огромен дел од мостот во вода за само неколку секунди. Ударот веднаш предизвикал уривање на околните делови на мостот. По несреќата се подигнале големи облаци од чад и оган, а дел од мостот изгледал како да се урнал над предниот дел на бродот, покажува видеото. Темниот чад продолжува да излегува во воздухот во следните неколку минути.

Градоначалникот на Балтимор рече дека спасувачките напори се во тек. Џони Олшевски, извршен директор на округот Балтимор, вели дека е во контакт со шефот на противпожарната служба и директорот на операциите за итни случаи.

„Молете се за погодените“, рече тој.

Бродот „Дали“ пловел под знамето на Сингапур, а бил на пат за Коломбо, Шри Ланка. Должината на бродот е околу 300 метри. Мостот „Френсис Скот Ки“ со пристапните сообраќајници е долг околу три километри.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ