петок, декември 27, 2024
домаКујнаСе урна воен авион во Србија, загина еден пилот

Се урна воен авион во Србија, загина еден пилот

Српски воен авион „супер галеб Г-4“ се урна утринава, пишува “Блиц”. Несреќата се случила околу 9.30 часот во близина на излезот од Ковачица, место во Војводина, мнозински населено со Словаци. Во несреќата загина еден пилот, додека другиот е во сериозна состојба, се дознава од неофицијални извори од Србија.

Исто така, според неофицијални информации, пилотите се катапултирале од авионот, но без премногу среќа. Преживеаниот пилот е пренесе во Военотмедицинската академија.

-Бев дома кога се слушна престанок на работа на моторот на авионот и видов двајца пилоти кои се катапултираа. На лице место може да се види кратер – изјави Д. Б. од Ковачица за белградските медиуми.

Пред една година речиси идентична трагедија ја погоди српската армија. Во ист авион, во Батајница, двајца пилоти – Дејан Пандуровиќ и Ненад Ќулибрк – загинаа за време на рутински лет на обука.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ