Серена Вилијамс е една од најголемите тенисери што некогаш играле. Таа има освоено 23 гренд слем титули во женска конкуренци. Мајка е на две и пол годишната Алексис Олимпија, но исто така и модна икона (таа ја заврши модната школа во 2000 година). Оваа година за Модната недела во Њујорк ја подготви најнова колекција „S by Serena“, модни детали од веган кожа.
Колекцијата S by Serena Spring 2020 содржи фустани, панталони и додатоци од веганска кожа и смели отпечатоци. Вилијамс вели дека новата колекција е „моден пасош“. Таа беше инспирирана од нејзините патувања низ целиот свет, особено од Африка.
Вилијамс исто така вели дека била исклучително мотивирана да вклучи веганска кожа во оваа колекција. „Се чувствувам како многу работи да се убиваат за да имаме што да облечеме, а не превземаме ништо за да ја спасиме планетата“, рече таа. „Сите можеме да направиме по една мала работа и да помогнеме, и тоа беше моја инспирација“.
Колекцијата, исто така, дава уште еден јазол кон планетата со смел акцент на зелената, де факто боја на животната средина. „Една од најжешките бои оваа година на пистата за пролет и лето е зелената“, рече Вилијамс.
Самата Вилијамс јаде претежно веганска диета. Нејзиниот сопруг, основачот на Редит, Алексис Охајан, исто така е веган.
А.Н.