домаСериозен инцидент во Финска: Зголемено ниво на радијација во нуклеарна централа

Сериозен инцидент во Финска: Зголемено ниво на радијација во нуклеарна централа

Финското тело за нуклеарна безбедност СТУК објави дека нивото на радијација во нуклеарната единица „Олкилуото2“ се зголемило околу 13 часот на западот на земјата, но дека нема протекување на радијација и дека ситуацијата е под контрола.

„Ова е сериозен и исклучителен инцидент и веруваме дека е многу важно да се обезбедат точни информации за тоа“, изјави пред новинарите финскиот министер за социјални работи и здравство Аино-Каиса Пеконен, објави Ројтерс.

Јармо Танхуа, извршен директор на операторот со нуклеарната централа ТВО, рече дека инцидентот е невообичаен настан во историјата на објектот.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денес соопшти дека Финската управа за радијација и нуклеарна безбедност (СТУК) информирала за настанот во блокот 2 на нуклеарната централа Олкилуото.

Во внатрешноста на нуклеарната централа се измерени покачени нивоа на зрачење и реакторот е исклучен, се вели во соопштението на МААЕ, пренесе Ројтерс.

Нема истекување на радијација во животната средина, повтори МААЕ во соопштението, што претходно го наведе СТУК. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ