понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотШибеник промовираше пиво под името „Херц“, во чест на д-р Сашко Јовев

Шибеник промовираше пиво под името „Херц“, во чест на д-р Сашко Јовев

Во Шибеник вчера е промовирано пиво по име Херц. На етикетата пишува дека пивото е посветено на проф. д-р Сашко Јовев, македонски кардиохирург, кој како шеф на тимот ја направи првата трансплантација на срце во Северна Македонија и на неговите соработници. Во објаснувањето се вели дека мајката на Јовев е од Шибеник.

Оваа информација на својот фејсбук профил го објави министерот за здравство, д-р Венко Филипче, кој меѓу другот напиша дека ова признание е голема чест од Хрватска, која е светски лидер во донаторство на органи по глава на жител, за македонската кардиохирургија.

„Воедно и многу кул начин за промовирање на органодарителството. Одличен е и дизајнот на етикетата, со потписот на Проф. Јовев. Прегорди сме на тимот за круната во македонската државна кардиохирургија! Срцето продолжува да чука“- напиша Филипче.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ