И додека кај нас не сакаат да размислуваат за намалувањето на данокот на средствата за управување со менструалното зравје од 18 нас 5 проценти, во Шкотска се очекува парламентот да донесе закон со кој што овие средства ќе бидат бесплатни за сите жени, откако од септември воведоа бесплатен пакет средства за деовојчињата вклучени во редовниот образовен процес. Ако гласањето помине и амандманот биде прифатен, Шкотска ќе стане првата земја во светот што ќе ги направи овие измени.
Амандманот беше поднесен во парламентот уште во 2017 година од советничката Моника Ленон.
„Овие не се луксузни средства. Сметам дека се неопходност и не мислам дека треба да има жена што ги нема“, вели Ленон и додава – „Ние се стремиме кон модерна култура и пофалба е што многу други земји ги набљудуваат овие процеси“.
Доколку се донесе мерката, се проценува дека цената за државата ќе изнесува околу 30 милиони евра годишно.
Во Северна Македонија, граѓанската организација Новинари за човекови права поведе иницијатива за адаптирање по еден тоалет во училиштата за управување со менструалното здравје, како и пилот проект за бесплатни средства во две училишта. Но, иницијативата за намалување на данокот на овие производи, кои патем не се луксуз, не наидува на интерес кај ресорните институции.
Н.Доковска