домаНасловнаШпанија од јануари со национален план за вакцинација против ковид

Шпанија од јануари со национален план за вакцинација против ковид

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека националниот план за вакцинирање на ковид-19 ќе започне во јануари. Санчез рече дека вакцинацијата ќе биде организирана на 13.000 локации низ цела Шпанија и дека „многу значаен дел од населението“ може да се вакцинира во првата половина на следната година. Тој рече дека деталите ќе бидат објавени во вторник.

Шпанскиот премиер изјави дека 14-дневната кумулативна стапка на инфекција на 100.000 жители падна под 400.

Од денес, Шпанија бара негативен ПЦР-тест за ковид-19 од повеќето луѓе кои доаѓаат по воздушен и морски пат. Мерката се однесува на пристигнувања од 65 земји, вклучувајќи ги и повеќето земји од Европската унија. Во меѓувреме, североисточниот регион Каталонија намали некои строги ограничувања на баровите, рестораните и културните настани, воведени во средината на октомври.

Иако полицискиот час останува во сила од 22 до 6 часот наутро, каталонските барови и ресторани можат да имаат гости до 30 проценти од капацитетот внатре, а можни се и културни настани со 50 проценти од капацитетот. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ