Товарен брод кој пренесувал тони хемикалии тоне крај западниот брег на Шри Ланка, што е една од најлошите поморски еколошки катастрофи на оваа азиска земја досега.
Сингапурскиот брод „МВ Х – Преш Прл“, кој носел 1.486 контејнери, вклучувајќи 25 тони азотна киселина, како и други хемикалии и козметика, се закотвил во близина на западниот брег кога избувнал пожарот на 20 мај, објави денеска Ројтерс.
Властите се бореле со пожарот уште откако паднаа запаливи хемиски контејнери и го запалија бродот, соопшти минатиот месец морнарицата на Шри Ланка.
Тони пластични пелети стигнаа до бреговите и морето богати со риби, предизвикувајќи една од најлошите еколошки катастрофи во последните неколку децении, велат експертите.
„Спасувачката компанија што работи со „Х-Преш Прл“ рече дека бродот тоне на сегашната позиција“, рече министерот за риболов Канчана Виесекера преку Твитер.
Владата забрани риболов по должината на крајбрежјето долга 80 километри, кое се закануваше на околу 5.600 рибарски бродови, додека стотици војници беа распоредени на плажите за да го исчистат отпадот.
Спасувачките екипи го влечат бродот кон подлабоките води, додаде Вијесекара. А.Н.