среда, ноември 20, 2024
домаШвајцарија на референдум ќе гласа за забрана за покривање на лицето: Нови...

Швајцарија на референдум ќе гласа за забрана за покривање на лицето: Нови правила за хулиганите и муслиманите?

Предлогот ги отсликува напнатите односи во Швајцарија со исламот, откако граѓаните ја поддржаа забраната за градење нови минариња во 2009 година.

„Стоп за екстремизмот!“,   црвен билборд во тивко село надвор од Цирих. Над натписот стои фотографија на жена со црн шал и превез намуртено.

Големиот постер е дел од кампањата на десничарската Швајцарска народна партија (СВП) за забрана за покривање луѓе пред јавноста, за што ќе се гласа на референдум во недела.

Анкетите за јавното мислење покажуваат дека мнозинството Швајцарци ќе ја поддржат забраната и дека предлогот ќе стане закон.

– Традиција е во Швајцарија да го покажувате своето лице. Тоа е знак на нашите основни слободи – рече Валтер Вобмн, пратеник на СВП и претседател на комитетот за референдум

Предлогот датира од 2017 година, далеку пред појавата на вирусот корона, кој ги принуди возрасните да носат маски во многу средини со цел да се спречи ширењето на инфекцијата.

Не го споменува директно исламот и меѓу целите е да се запрат насилните улични демонстранти и хулигани на фудбалски натпревари кои носат маски. Сепак, локалните политичари, медиумите и лидерите на кампањите го нарекоа забрана за бурка и хиџаб.

Предлогот ги отсликува напнатите односи на Швајцарија со исламот откако граѓаните ја поддржаа забраната за изградба на нови минариња во 2009 година. Локалните забрани за покривање на лицето веќе се воведени во два кантона.

Вобман тврди дека гласањето не е против самиот ислам, но додаде дека „покривањето на лицето е симбол на овој екстремен, политички ислам, кој се повеќе се истакнува во Европа и за кој нема место во Швајцарија“.

Франција забрани носење превез што го покрива целото лице во јавноста во 2011 година, а Данска, Австрија, Холандија и Бугарија имаат целосни или делумни забрани за покривање на лицето во јавност.

Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ