сабота, јули 27, 2024
дома„Си-Ен-Ен“: Европа подготвува санкции за 351 руски пратеник

„Си-Ен-Ен“: Европа подготвува санкции за 351 руски пратеник

Според „Си-Ен-Ен“, Европската комисија и Европската служба за надворешни работи претставиле предлог за санкции до земјите-членки на ЕУ по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск.

Според текстот на „Си-Ен-Ен“, санкциите ќе опфатат поединци и субјекти, вклучително и политички фигури, воен персонал за кои ЕУ смета дека се поврзани со „незаконски активности“.

Ќе бидат воведени санкции за 351 руски пратеник кои гласаа за признавање на независноста на Доњецк и Луганск, а во нив ќе бидат опфатени и единаесет пратеници кои предложија распоредување на руски војници во овие непризнаени републики.

Да потсетиме, по одлуката на Владимир Путин да ја признае независноста на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, западните лидери најавија сет на санкции против Русија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен напиша на Твитер дека првиот пакет санкции ќе биде претставен денеска.

Првиот што премина од зборови на дела беше американскиот претседател Џозеф Бајден, кој потпиша декрет за забрана на инвестиции, трговија и финансирање што ќе ги вршат американските граѓани со самопрогласени републики.

Во меѓувреме, германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека Германија нема да продолжи со проектот Северен тек 2. Наместо тоа, Германија ќе се посвети на изнаоѓање други извори на електрична енергија во случај Русија навистина да го прекине снабдувањето со гас во Европа.

Конечно, британскиот премиер Борис Џонсон рече дека земјата веднаш воведува санкции против пет клучни руски банки и тројца олигарси блиски до Кремљ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ