Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди северната американска држава Алјаска, по што беше издадено предупредување за цунами.
Имено, епицентарот бил во Тихиот океан, односно Заливот на Алјаска, на околу 100 километри од населеното крајбрежје и на длабочина од околу 10 километри, објави Американската геолошка агенција УСГС.
Земјотресот бил толку силен што жителите на Алјаска пријавиле поместување на креветите и завесите на околу 600 километри од епицентарот.
Сирените се огласиле во крајбрежните градови откако Националниот систем за предупредување за цунами издал предупредување за можноста за „разорни бранови“.
Земјотресот се случил во регионот на Огнениот прстен,сеизмички и вулкански најактивна област на планетата Земја. А.Р.